91. сура во Мусхафот, 15 ајети, започнува на страница 595.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Се колнам во Сонцето и во светлината негова,
2. и во Месечината која го следи,
3. и во денот кога ќе го раздени,
4. и во ноќта кога ќе го засолни.
5. И во небото и во Тој што го крена,
6. и во Земјата и во Тој што ја направи пространа,
7. и во душата и во Тој што ја создаде,
8. па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори.
9. Ќе успее само тој што ќе ја исчисти,
10. а ќе биде изгубен тој што ќе ја извалка!
11. Семуд поради насилството свое негираше,
12. кога еден несреќник меѓу нив се појави,
13. па Аллаховиот пратеник им довикна: „Грижете се за камилата Божја и за времето кога таа треба да пие!“
14. Но, не му поверуваа, туку ја заклаа. А Господарот нивен заради гревовите нивни ги уништи и до последен ги истреби,
15. не стравувајќи за последиците поради тоа!
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.