105. сура во Мусхафот, 5 ајети, започнува на страница 601.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Зарем не си слушнал, со сопствениците на слонот, Господарот твој што стори?
2. Зарем лукавштината нивна не ја спречи
3. и против нив јата птици прати,
4. кои врз нив камења од глина печена фрлаа,
5. па Тој, како лисја истолчени, ги стори?
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.