110. сура во Мусхафот, 3 ајети, започнува на страница 603.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат,
2. и гледаш како луѓето во групи влегуваат во Аллаховата вера,
3. ти слави Го Господарот свој благодарејќи Му и моли Го да ти прости, Тој навистина покајанието го прима.
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.