Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ебу Лехеб: текст и превод на значењата

111. сура во Мусхафот, 5 ајети, започнува на страница 603.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ен НасрСура Ел Ихлас ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна!

2. Нема да му биде од корист богатството негово, а ни тоа што го стекнал,

3. ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен,

4. и жена му која носи дрва;[1]

[1] Ебу Лехеб му бил чичко на Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, но и негов нај­голем противник, заедно со својата жена Уму Џемила, сестрата на многу­бош­ки­от ли­дер Ебу Суфијан. Ебу Лехеб во секоја прилика го клеветел Мухамед, Божјиот мир не­ка биде над него, со тешки лаги, а неговата жена собирала трнливи дрва и трње кои ги фрлала по патот по кој поминувал Мухамед, Божјиот мир нека биде над него.

5. на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ен НасрСура Ел Ихлас ›