114. сура во Мусхафот, 6 ајети, започнува на страница 604.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето,
2. Владетелот на луѓето,
3. Богот на луѓето,
4. од злото на тој[1] што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие,
[1] Се однесува на шејтанот/ѓаволот.
5. којшто зли мисли внесува во градите на луѓето –
6. од џините и од луѓето!“
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.