Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ед Духа: текст и превод на значењата

93. сура во Мусхафот, 11 ајети, започнува на страница 596.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ЛејлСура Ел Инширах ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Се колнам во утрото,

2. и во ноќта кога ќе стивне.

3. Господарот твој не те напуштил и не те замразил!

4. Оној свет, навистина, е подобар за тебе од овој свет,

5. а Господарот твој тебе сигурно ќе ти даде, па ќе бидеш задоволен!

6. Зарем ти не беше сираче, па Тој те заштити?

7. И за вистинската вера не знаеше, па Тој те упати?

8. И сиромашен беше, па Тој те збогати?

9. Затоа сирачето немој да го понижиш,

10. а просјакот немој да го одбиеш,

11. и за благодатите на Господарот твој кажувај!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ЛејлСура Ел Инширах ›