101. сура во Мусхафот, 11 ајети, започнува на страница 600.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Крајот на светот!
2. Што е тоа крајот на светот?
3. И што знаеш ти што е тоа крајот на светот?
4. Тој ден луѓето ќе бидат како пеперутки раштркани,
5. а планините како шарена волна растегната.
6. На тој што добрите дела ќе му бидат тешки[1]
[1] На вагата на Судниот ден.
7. пријатен живот ќе живее,
8. а на тој што добрите дела ќе му бидат лесни
9. престојувалиштето негово ќе биде Хавие.
10. А знаеш ли ти што е тоа Хавие?
11. Тоа е огнот распламтен!
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.